Дидактички материјали
Дидактиката е дисциплина која е тесно поврзана со педагогијата и во основен смисол на зборот значи вештина на подучување. Со Дидактичките играчки се развива фантазијата и креативноста, љубопитноста, концентрација и внимание, желба за наоѓање решенија- со градење, креирање, составување, расклопување...
Асистивна технологија
Асистивна технологија е заеднички термин за збир на прилагодени помагала, уреди и опрема, како и начини на нивно користење. Асистивната технологија им овозможува на децата да извршуваат задачи што претходно не можеле или со големи тешкотии при користење на технологијата како помагало.
Сензорна интеграција
Сензорната интеграција е невро-биолошки процес на примање и обработка на информации што доаѓаат во мозокот од нашите сетила: вид, слух, мирис, вкус, допир или движење. Тој му овозможува на нашиот мозок да ги обработува и организира сите примени информации од околината, на пр. да ги одделиме важните од ирелевантните, за да можеме соодветно да одговориме на нив со некоја наменска активност, на пример, да се движиме, да учиме…
Snoezelen
Снузелен е контролирана мултисензорна средина, специјално дизајнирана сензорна средина, што овозможува стимулирање на сензации и стекнување искуство со светлина, мирис, звук и допир ... Се користи при работа со деца и лица со оштетување на мозокот, аутизам, слаб вид, проблеми со слух и тешкотии во развојот.