Диско топка со мотор и проектор

Комплетот содржи една диско кугла изработена од ситни огледалца 10 x 10 мм, дијаметар 30 цм, со осовина и сигурносен ланец должина 33 цм, мотор што ја врти топката и лед проектор со далечински управувач со димензии 13 x 16 x17 цм. Изработена во комбинација од висококвалитетена пластика и метал. Диско куглата полека ротира, менувајки ги боите на секои 4-6 секунди, а со далечинското може да се регулираат и светлината и боите. Ги стимулира слушната и визуелната перцепција и прави пријатна и опуштена атмосфера.