Светлечки столб со пластични рипчиња

Среден светлчки столб со пластични рипчиња и со ЛЕД
технологија, со висина 105 цм и дијаметар 20 цм, со
постепено менување на бои. Потребен му е извор на
електрична енергија. Материјал пластика. Неизоставен реквизит
за во темна соба, светлечкиот столб создава смирувачка
атмосфера со менување на боите и со испуштање на
шумови на меурчиња во вода. Столбот треба да се полни
со дестилирана вода. Столбот ја развива една од основните
перцепции, визуелната. Тоа е можноста за примање на
информации низ органот око. Му помага на детето да
разбере што гледа, односно да препознае и разбере различни
елементи, како што се величина, боја, облик, просторни облици и
слично.