EP110-298 – СТАКЛО ЗА СЛИКАЊЕ СО ЛЕД СВЕТЛО

СТАКЛО ЗА СЛИКАЊЕ СО ЛЕД СВЕТЛО – Дрвен сталак со интегрирана ЛЕД трака во подножјето, со сигурносно стакло со заоблени рабови и со далечински управувач за менување на бои. Дим. 55,7 x 46,7 x 4,5 цм. Јачина 14,4 W. Изработен во комбинација дрво/стакло/пластика. Овој сталак е фасцинантна подлога за сликање, како со прсти, така и со разни врсти бои (акварел, дрвени боицки, фломастери). Можно е сликање од двете страни така да истовремено може да го користат две деца. Светлосната ЛЕД трака која се наоѓа во подножјето овозможува до 15 различни бои со 4 начини на работа што се подесуваат со далечинскиот управувач. Незаменлив реквизит за учење на разни поими како што се големина, бои, облици, простор, како и за развивање на фантазија и креативност и зацврстување на менталните вештини.