EX020001-2 – Столб со светло

Среден светлечки столб со ЛЕД технологија, со постепено менување на бои. Потребен му е извор на електрична енергија. Материјалот е пластика. Неизоставен реквизит за во темна соба, светлечкиот столб создава смирувачка атмосфера со менувње на боите и со испуштање на шумови на меурчиња во вода. Столбот треба да се полни со дестилирана вода. Столбот ја развива една од основните перцепции, визуелната. Тоа е можноста за примање на информации низ органот око. Му помага на детето да разбере што гледа, односно да препознае и разбере различни елементи, како што се величина, боја, облик, просторни облици и слично.