Тастатура со големи типки во боја.

Тастатура со големи типки во боја – Дизајнирана за деца со тешкотии за користење на стандардна тастатура, пример: децата со моторички тешкотии кои отежнато ги користат рацете или децата со оштетен вид. Секоја боја означува поинакво фунционално подрачје. Сината – букви, со тоа што самогласките се издвоени со посветла нијанса. Броевите се во црвена боја, со портокалово се означени интерпункциските знаци, а зелената боја ги представува контролните типки. Типките се израмнети една над друга, заради подобро држење на рацете и поголема прегледност. Од тастатурата се исфрлени непотребните типки кои одземаат внимание. Тастатурата е водоотпорна.