Тастатурата со големи типки во боја е дизајнирана за деца со тешкотии за користење на стандардна тастатура. Децата со моторички тешкотии кои отежнато ги користат рацете или децата со оштетен вид во оваа тастатура ќе најдат решение за користење и пристап кон персонален компјутер. Боите на оваа тастатура се многу внимателно избрани. Секоја боја означува поинакво функционално подрачје. Сината боја означува букви, со тоа што самогласките се извдоени со посветла нијанса. Броевите се во црвена боја, со портокалово се означени интерпункциските знаци, а зелената боја ги представува контролните типки. Она што е карактеристично за оваа тастатура е и паметниот распоред на буквите. Буквите се израмнети една над друга, заради подобро држење на рацете и поголема прегледност. Од тастатурата се исфрлени непотребните типки кои одземаат внимание. Тастатурата е водоотпорна.
Тастатура со големи типки

