КОНСТРУКЦИЈА ОД ДРВЕНИ СТОЛБОВИ – Со дебелина 9 x 9 цм, кои се наоѓаат на метални носачи, челични ракофати, платформа подигната на висина од 30 цм. со два закосени АДА приоди кои овозможуваат приод на деца со инвалидски колички или потешкотии во движењето. Страничните страни на игротеката изработени се со вметнати манипулативни додатоци; звучен панел, часовник со вртливи сказалки, абакус, лавиринт со запчаници, ротирачки волан, игра XО, лавиринт со топчиња, панел со прозорец… Од едната страна се наоѓа дрвен песочник на метални носачи, со висина од 30 цм. Вкупна димензија на игротеката е 519 x 543 цм. Потребна површина за монтажа 68м2. Развива крупна моторика, тактилна перцепција, слушна перцепција, фина моторика, координација око-рака и социјално емоционален развој.