AK20523 – ИГРА СО ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА

ИГРА СО ГЕОМЕТРИСКИ ТЕЛА – 14 Разнобојни геометриски форми од пенаст сунќер (2 комплета од 7), 50 картички со шаблони, 15 стапчиња, 2 платнени вреќи, во картонски куфер. Оваа игра поттикнува тактилно препознавање на геометриски облици, затоа што детето најпрво мора да пронајде во платнената вреќичка со допир и напипување. Потоа треба да се склопи некоја слика, гледајки ја фотографијата. Со решавање на задачите, се поттикнува разбирање на цела низа поими: просторни односи, правци и должини, позиции – напред, позади, помеѓу, од една страна, внатре, надвор…, волумен, групирање, граници и простор, симетрија.