H 377068 – Вметнувалка

Вметнувалка со звучни облици изработена од дрво. Сетот се состои од 1 округла дрвена плоча со размер од 20 цм, на која се поставени 7 дрвени звучни облици со различна боја, со размер од 4.5 цм И висина 4 цм; – цвет, срце, тркало, хексагон, прстен, лист, капка… При вртење секој облик произведува различен звук; ѕвонење, ѕвецкање, тропкање и сл. Освен што развива фина моторика и поттикнува на препознавање бои и облици, оваа вметнувалка нуди одлична сензорна стимулација. Со време децата почнуваат да го поврзуваат звукот со обликот со што вежбаат памтење и слушна перцепција.