
Сензорна интеграција
Сензорната интеграција е невро-биолошки процес на примање и обработка на информации што доаѓаат во мозокот од нашите сетила: вид, слух, мирис, вкус, допир или движење. Тој му овозможува на нашиот мозок да ги обработува и организира сите примени информации од околината, на пр. да ги одделиме важните од ирелевантните, за да можеме соодветно да одговориме на нив со некоја наменска активност, на пример, да се движиме, да учиме…