Овие уреди, џојстици, се посебно осмислени за мрдање на курсорот дури и со најслаб притисок на управувачкиот држач. Притоа ја задржуваат прецизноста и обезбедуваат прецизно бирање на објектот на компјутерот или таблетот. Постољето на џојстикот е ниско и раката може да биде потполно опуштена за време на работата. Тоа е многу важно за лицата со моторички тешкотии. До управувачкиот држач сместени се три копчиња со различна боја. Поставени се под нивото на постољето за да не дојде до хаотично притискање при работата. Црвеното копче го заменува левиот клик на глувчето, жолтото – десниот, а синото копче служи за задржување на функцијата на работење, се додека не го исклучите.
Optima Joystick
