Optimax Trackball

Управувачко топче или тракбол, наменет е за лица со моторички потешкотии на рацете. Работата на компјутер е многу полесна бидејќи доволно е да се држи раката на ергономски обликуваната подлога и да се управува со дланката, палецот или другите прсти без дополнително мрдање на другиот дел од раката. Површината на која стои овој уред е еднаква со неговата величина, за разлика од глувчето, овде не е потребно мрдање на раката заедно со уредот. Бидејќи управувачката функција на тракболот не зависи од површината на која е ставен, можете да го држите и во скутот. Тракболот е робусен и издржлив, може да се користи со години, без механички делови кои лесно се трошат. Батеријата на тракболот може да се полни со USB приклучок кој е составен дел од производот.